За Археолошки Музеј на Република Северна Македонија

Историјат

Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија презентира движно културно наследство, поточно околу 7.000 археолошки предмети откривани со археолошки истражувања на целата територија на државата уште од 1924 година, а со тоа овој музеј претставува најзначајна и најстара музејска установа во Македонија.

Посетителите може да уживаат во артефактите изложени во одделите за: праисториска археологија, античка археологија, средовековна археологија, нумизматика, антропологија и лапидариум.

Голем број од предметите кои се дел од оваа институција се ексклузивни во светски размери. Постоечките закони за култура и заштита на културно наследство го регистрираат најголемиот дел на овој фонд како културно наследство од особено значење.

Во 2015 год. Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија се пласираше меѓу 15 те најдобри музеи во Европа, освојувајќи го високото седмо место според Европската музејска академија.

Првата археолошка збирка е формирана во 1920 год. во рамките на Филозофскиот факултет во Скопје.

Во 1924 год. е организирана музејска институција, поточно, историско – археолошки музеј со лапидариум кој е сместен во Куршумли ан.

Во текот на Втората светска војна музејската институција, во Куршумли ан музејската институција егзистира како Народен музеј – Скопје. Во овој период, поточно во 1945 год. функционира со три одделенија: археолошко, етнографско и средновековно.

Со реорганизација на музеите во ФНР Југославија, од Народниот музеј во Скопје се формира и Археолошкиот музеј како посебна институција од републички карактер.

Од 1945 – 1963 год. седиште на Археолошки музеј е старата зграда од касарната на Скопско Кале.

Во 1955 год. е отворена постојаната поставка на камени споменици – лапидариум, сместена во адаптирана коњушница на Куршумли ан.

Од 1963 – 1977 год. веднаш по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 год. Археолошкиот музеј е сместен во бараките на Куршумли ан. Во 1976 год. е пуштен во употреба новиот музејски комплекс во кој Археолошкиот музеј е сместен се’ до 2014 год.

Во 2012 год. е основан нов правен субјект, НУ Археолошки музеј на Македонија – Скопје, како нова матична установа од областа на археологијата.

После повеќе од три децении во 2014 год. Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија добива современ музејски простор во центарот на Скопје.

Организација

 Директор

д-р СЛАВИЦА БАБАМОВА

Родена е во Скопје и е доктор по историски науки (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за национална историја).

Од 2003 до 2013 работела како кустос и виш кустос за епиграфика и камена пластика во НУ Музеј на Македонија – Скопје, а од 2013 во НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија – Скопје, каде од 2014 работи како кустос советник за епиграфика и камена пластика.

Раководела и учествувала во епиграфски и археолошки теренски истражувања во Тиквешкиот и Брегалничкиот регион; Големо Градиште, Коњух – Кратово; Стоби; Исар-Марвинци; Термалното лекувалиште од римскиот период во Банско, Струмица и Скопско Кале. Раководела и учествувала во неколку проекти за конзерваторски истражувања и непосредна заштита на музејски предмети од камен.

Научно-истражувачкиот интерес го врзува примарно за хеленска и латинска епиграфика, потоа античката историја на Македонија, римските провинции, просопографијата на античка Македонија и античката ономастика. Учествувала на многубројни конференции, конгреси и студиски престои во земјата и странство.

Автор е на десетина научни статии и на две монографски изданија: „Епиграфски споменици од Република Македонија датирани според македонската провинциска ера”, Институт за национална историја, Скопје, 2005 и “Inscriptiones Stoborum”, Студии за старините на Стоби, Серија монографии, книга I, НУ Стоби, 2012 и коавтор на „Епиграфски споменици од Плаошник-Охрид“ (во коавторство со Калина Кузман-Додевска), НУ Завод и Музеј – Охрид, 2021.

Управен одбор

Претседател на УО:

  • Ленче Јованова

Членови на УО:

  • Д-р Марина Ончевска Тодоровска
  • Александра Трајковиќ
  • Ирена Колиштрковска Настева

Сектор за административни, општи и правни работи

Лице за контакт за посредување со информации од јавен карактер:

Наташа Скендерска
Советник за меѓународна соработка
e-mail: nskenderska@amm.org.mk

Органограм

  • Кодекс за административни службеници (преземи…)

Вработени

Одделение за предисториска археологија

  • м-р Љиљана Шаламанов-Коробар, археолог, кустос советник за палеолит
  • м-р Елена Стојанова Канзурова, археолог, кустос советник за неолит
  • Буњамин Џемаили, кустос за неолит
  • Ирена Колиштркоска Настева, кустос советник
  • Гоце Коцевски , археолог, виш кустос за бронзено време
  • д-р Александра Папазовска, археолог, кустос советник за железно време
  • Страхил Темов, археолог, кустос советник за железно време
  • м-р Александра Чевреска, кустос за железно време

Одделение за античка археологија

  • д-р Роберт Петковски виш кустос за архајски период
  • м-р Горан Санев, археолог, кустос советник за класичен период
  • м-р Перо Арџанлиев, археолог, кустос советник за хеленистички период
  • м-р Клековски Јане, кустос советник за римски период
  • Михаил Стојановски, кустос за римски период
  • Радомир Ивановиќ кустос за доцна антика

Одделение за археологија на средновековен и османлиски период

  • м-р Љубинка Џидрова, археолог, кустос советник за средновековна археологија
  • Филип Аџиевски , кустос за доцен среден век
  • Марјан Јагликовски, кустос за османлиски период
  • Мартин Гиевски , кустос за 19 ти и 20 ти век

Одделение за интердисциплинарни истражувања:

  • д-р Славица Бабамова, епиграфичар, кустос советник
  • м-р Сања Битрак, нумизматичар, виш кустос
  • м-р Трајан Зафировски, нумизматичар, виш кустос за нумизматика
  • д-р Фаница Вељановска, физички антрополог, кустос советник
  • м-р Анета Фиданоска, археозоолог

Надворешни соработници – археолози:

  • Благоја Китановски
  • м-р Марина Спирова
  • д-р Перо Јосифовски
  • м-р Златко Видевски
  • Илија Бошковски
  • Филип Соколовски
  • м-р Перо Синадиновски

Одделение за конзервација и реставрација

  • Емилија Митева
  • Васил Николовски
  • Марија Николова
  • Љубица Ѓорчева
  • Делфина Трајчевска
  • Надворешни соработници :
  • Перо Кованцалиев
  • Гордана Младеновска
  • Перо Синадиновски

Маркетинг и односи со јавност

  • м-р Лидија Илковска – Јанушева, советник за маркетинг и односи со јавност   e-mail: contact@amm.org.mk

 

Археолошки локалитети

Тумба Маџари

Тумба Маџари

Големо Градиште – Коњух

Големо Градиште – Коњух

Архео Парк Бразда

Архео Парк Бразда

Куршумли ан

Куршумли Ан

Требениште