Одделението за документација се грижи за основната музејска документација (влезна книга, книга на инвентар на музејски предмети, излезна книга, книга за изложби, картотека и каталог на музејски предмети) и дополнителната музејска документација (книга за чување на музејски предмети што не се сопственост на музејот, книга на хемеротека, книга за промотивни и други манифестации).
Во одделението се чуваат и извештаи од проектите на археолошките истражувања, теренската документација што ја водат музејските работници, фотодокументација, разни цртежи и текстуални белешки поврзани со предметите и археолошкиот контекст.
Никола Хаџи – Николов – раководител на одделение за документација
nhadzinikolov@amm.org.mk