Тактилни слики

Во 2020 година Археолошкиот музеј го реализираше проектот ,,Пристапен музеј” поддржан од Балканската музејска мрежа.

Во рамките на овој проект се снимени десет аудионарации за експонати, видеа на знаковен јазик и тактилни слики.

Тактилните слики се дел од постојаната поставка и се изложени во непосредна близина на оригиналните артефакти.

Целта на овој проект е зголемување на пристапноста, инклузијата и доближување на богатото  културното наследство до лицата со попреченост.

Раководител на проектот е Ирена Ружин, координатор е Ива Лабан, a останатиот дел од проектниот тим го сочинуваат: Татјана Мијатовиќ, Јове Парговски, Тесалија Жирова, Катерина Шарковска, Силвана Петрова Насух, „Студио Гимел“ и Горан Кочов.

Автори на текстовите со описи за предметите од Археолошкиот музеј се: директорката на музејот Славица Бабамова, Мила Шурбаноска, кустос-советничка за доцна антика, Марјан Јагликовски, кустос за османлискиот период, Љубинка Џидрова, кустос-советничка за средновековната археологија и Елена Стојанова Канзурова, кустос-советничка за неолитот.