Синија, XIX век
Синија или тепсија изработена од бакар, а прекриена (калаисана) со калај. Калајот бил нанесуван како превентива од труење, бидејки бакарот е токсичен (отровен). Декорирана (изгравирана) со флорални мотиви. Служела за принесување на храна.