За Археолошки Музеј на Република Северна Македонија

Историјат

Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија презентира движно културно наследство, поточно околу 7.000 археолошки предмети откривани со археолошки истражувања на целата територија на државата уште од 1924 година, а со тоа овој музеј претставува најзначајна и најстара музејска установа во Македонија.

Посетителите може да уживаат во артефактите изложени во одделите за: праисториска археологија, античка археологија, средовековна археологија, нумизматика, антропологија и лапидариум.

Голем број од предметите кои се дел од оваа институција се ексклузивни во светски размери. Постоечките закони за култура и заштита на културно наследство го регистрираат најголемиот дел на овој фонд како културно наследство од особено значење.

Во 2015 год. Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија се пласираше меѓу 15 те најдобри музеи во Европа, освојувајќи го високото седмо место според Европската музејска академија.

Првата археолошка збирка е формирана во 1920 год. во рамките на Филозофскиот факултет во Скопје.

Во 1924 год. е организирана музејска институција, поточно, историско – археолошки музеј со лапидариум кој е сместен во Куршумли ан.

Во текот на Втората светска војна музејската институција, во Куршумли ан музејската институција егзистира како Народен музеј – Скопје. Во овој период, поточно во 1945 год. функционира со три одделенија: археолошко, етнографско и средновековно.

Со реорганизација на музеите во ФНР Југославија, од Народниот музеј во Скопје се формира и Археолошкиот музеј како посебна институција од републички карактер.

Од 1945 – 1963 год. седиште на Археолошки музеј е старата зграда од касарната на Скопско Кале.

Во 1955 год. е отворена постојаната поставка на камени споменици – лапидариум, сместена во адаптирана коњушница на Куршумли ан.

Од 1963 – 1977 год. веднаш по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 год. Археолошкиот музеј е сместен во бараките на Куршумли ан. Во 1976 год. е пуштен во употреба новиот музејски комплекс во кој Археолошкиот музеј е сместен се’ до 2014 год.

Во 2012 год. е основан нов правен субјект, НУ Археолошки музеј на Македонија – Скопје, како нова матична установа од областа на археологијата.

После повеќе од три децении во 2014 год. Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија добива современ музејски простор во центарот на Скопје.

Организација

 Директор

М-р Магдалена Манаскова

М-р Магдалена Манаскова е историчарка и археолог со повеќегодишно искуство во областа на културното наследство. Родена е во Кочани, а академската кариера ја започнува на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што дипломира на Катедрата за историја на уметност со археологија. Своето образование го надградува со магистратура по историја на култови и религии на Институтот за национална историја во Скопје.

Професионалната дејност ја започнува во 2009 година како кустос за римскиот период во Локалниот археолошки и историски музеј „Теракота“ во Виница, каде што подоцна извесен период ја извршува и функцијата директор на институцијата. Во својата работа се истакнува со авторство на бројни проекти од областа на културата, кураторство на над 20 изложби и како еден од авторите на постојаната музејска поставка.

Покрај музејската дејност, Манаскова има и активно учество во јавниот живот. Била пратеник во Собранието на Република Северна Македонија во два мандати и претседател на собраниската Комисија за култура.

Од 2024 година е дел од тимот на НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија, каде работи како кустос за интердисциплинарни истражувања. Има учествувано во бројни археолошки ископувања и конзерваторски проекти, како и на домашни и меѓународни научни симпозиуми.

Нејзиниот научен интерес е насочен кон периодот на доцната антика, со посебен фокус на раното христијанство, фунерарната археологија и религиозните и социјални процеси кои придонеле за оформувањето на културните феномени во доцноримската провинциска култура. Авторка е на бројни стручни и научни трудови, како и на една монографија.

Управен одбор

Претседател на УО:

  • М-р Иван Малезанов

М-р Иван Малезанов е роден во Охрид. Дипломирал на Катедрата за историја на уметноста и археологија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистрирал на Катедрата за археолошко наследство на Медитеранот при Факултетот за хуманистички студии на Приморскиот универзитет во Копер, Словенија.

Во изминатата деценија активно учествува на бројни теренски истражувања, како и на иницијативи поврзани со виртуелна реконструкција, дигитализација и промоција на археолошкото и културното наследство. Автор е на повеќе стручни и научни трудови.

Во моментов е вработен во НУ Завод и Музеј – Охрид како кустос – археолог за праисториска археологија и протоисторија.

Членови на УО:

  • Филип Аџиевски
  • Александар Стојчески
  • Миле Бошковски

Сектор за административни, општи и правни работи

Лице за контакт за посредување со информации од јавен карактер:

Наташа Скендерска
Советник за меѓународна соработка
e-mail: nskenderska@amm.org.mk

Органограм

  • Кодекс за административни службеници (преземи…)

Вработени

Одделение за предисториска археологија

  • м-р Љиљана Шаламанов-Коробар, кустос советник за палеолит
  • м-р Елена Стојанова Канзурова, кустос советник за неолит
  • Буњамин Џемаили, кустос за неолит
  • Гоце Коцевски, виш кустос за бронзено време
  • д-р Александра Папазовска, кустос советник за железно време
  • м-р Александра Чевреска, кустос за железно време
  • Благоја Китановски, кустос за палеолит

Одделение за античка археологија

  • д-р Роберт Петковски, виш кустос за класичен период
  • м-р Горан Санев, кустос советник за класичен период
  • м-р Перо Арџанлиев, кустос советник за хеленистички период
  • м-р Јане Клековски, кустос советник за римски период
  • Михаил Стојаноски, виш кустос за римски период
  • м-р Радомир Ивановиќ, кустос за доцна антика
  • м-р Валентина Тодороска, кустос
  • м-р Владимир Атанасов, кустос 

Одделение за археологија на средновековен и османлиски период

  • м-р Љубинка Џидрова, кустос советник за рановизантиски-раносредновековен период
  • Филип Аџиевски, кустос за доцен среден век
  • Марјан Јагликовски, кустос за османлиски период
  • Мартин Гиевски, кустос за археологија на 19 и 20 век

Одделение за интердисциплинарни истражувања:

  • д-р Славица Бабамова, кустос советник за епиграфика и камена пластика
  • м-р Сања Битрак, виш кустос за античка нумизматика
  • м-р Трајан Зафировски, виш кустос за средновековна нумизматика
  • м-р Анета Фиданоска, кустос за археозоологија
  • д-р Перо Јосифовски, кустос советник за нумизматика
  • м-р Магдалена Манаскова, кустос за интердисциплинарни истражувања

Одделение за конзервација и реставрација

  • Емилија Митева, конзерватор за метал
  • Васил Николовски, конзерватор за метал
  • Марија Николова, конзерватор за керамика
  • Делфина Трајчевска, конзерватор за метал
  • Љубица Ѓорчева, конзерватор техничар
  • Гордана Младеновска, конзерватор за метал

Одделение за документација и стручно-технички работи

  • Никола Хаџи-Николов, документатор
  • Адријана Ристеска, документатор техничар
  • Бисера Дамеска, библиотекар
  • Филип Даневски, документатор

Одделение за музејско водење и едукација

  • м-р Марија Рабаџиска, водич
  • м-р Марија Колевска Димишковска, водич
  • Иван Станчевски, водич

Надворешни соработници:

  • д-р Перо Синадиновски
  • м-р Златко Видевски
  • Илија Бошковски
  • Дарко Трајковски
  • Јовица Ристов
  • Лора Макриева
  • Ивана Вучиќ
  • Илија Маџаров
  • Ангела Витановска
  • Перо Кованцалиев
  • Тамара Славковска
  • Тони Митрев

Маркетинг и односи со јавност

  • м-р Лидија Илковска – Јанушева, советник за маркетинг и односи со јавност e-mail: contact@amm.org.mk
  • Петар Ѓурчевски, помлад соработник за маркетинг и односи со јавност e-mail: contact@amm.org.mk

 

Археолошки локалитети

Тумба Маџари

Тумба Маџари

Големо Градиште – Коњух

Големо Градиште – Коњух

Архео Парк Бразда

Архео Парк Бразда

Куршумли ан

Куршумли Ан

Требениште