Икона „Давидов псалм„ (Псалм 42), V/VI век
  • – Период/датација: 5-6 век
  • – Потекло: Кале – Виница
  • – Материјал/техника: Печена земја, длабок релјеф
  • – Димензии: 25,5 х 4см

Кратка приказна (опис):

Теракотна икона-релјефна плочка најдена со археолошки истражувања на локалитетот Кале во Виница. Во средишниот дел на иконата е прикажана фигура на елен со разгранати рогови свртен кон десно. Под стомакот на еленот е изворот од кој во тенки млазови истекува вода и се влива во еден сад-кантарос, кој стои десно пред предните нозе на еленот. Во втор план се прикажани разлистени гранки, т.е. шумски амбиент во кој се наоѓа еленот.

Икона „Давидов псалм„ (Псалм 42), V/VI векНаоколу во рамка има текст на латински, кој е превземен од Давидовиот псалм. Мотивот на оваа икона ја симболизира светата еухаристија на верниците кои очекуваат вечност после крштевањето. Потврда за тоа се стиховите од 42 псалм„ Како што кошутата чезнее за извори со вода, така и мојата душа чезнее за Тебе, Боже„