Дел од украс за војник и жена од Комани-Крује културата, VII/VIII век
  • Период/датација: ран среден век, поточно 7 и 8 век
  • Потекло: село Радолишта, Струга
  • Материјал/техника: Метална алка/торквес што се носела околу вратот изработена од бронза и обмотана со тенка бронзена лента со приврзок прапорец, исто така изработен од бронза. Под него се претставени и три видови на едноставни обетки, составени од алка на која биле поставени спирално извиени приврзоци од тенка бронзена лента.
  • Димензии: Торквесот има дијаметар 15 см, а прапорецот што висел на него е висок 5 см. Трите обетки се разликуваат по својата големина, првата лево со три приврзоци е долга вкупно 8 см, а другите две се пократки и сосе алките на кои е поставен украсот, се долги по 6 см.

Кратка приказна (опис):

Дел од украс за војник и жена од Комани-Крује културата, VII/VIII векОвој торквес што се носел околу вратот е подобро сочуван. Тој е изработен од бронзена алка обмотана со тенка бронзена лента. Поради долгото носење, веројатно барем околу 100 години или повеќе, торквесот бил оштетен, а лентата која била обмотана околу него отпаднала. Но поради тоа што војникот кој го носел бил од истото семејство и веројатно го наследил од својот татко и дедо, торквесот бил 2 пати поправан и обмотуван со нова лента. На него бил обесен приврзок во вид на прапорец/ѕвонче, за кој се верувало дека ги брка злите духови. Трите едноставни обетки поставени покрај торквесот биле составени од алка на која биле поставени спирално извиени приврзоци од тенка бронзена лента. Две од нив имале по еден приврзок, а третата имала 3 приврзоци.

Аудио нарација на англиски