Керамички сад – амфора, IX/X век

  • Post category:Е-музеј
  • Reading time:1 mins read
  • – Период/датација: 9-10 век, време на раниот среден век
  • – Потекло: откриено при археолошки ископувања на локалитетот Градиште, с. Дебреште, Прилеп
  • – Материјал/техника: амфората е изработена од глина на грнчарско колце, потоа била сушена и на крајот печена во печка
  • – Димензии: вкупна висина 55 см, дијаметар/ширина на отвор 8 см, најголем обем на стомакот 114 см

Кратка приказна (опис):

Амфората која е изложена во музејот е од посебен тип, бидејки е кратка, тесна во долниот дел и широка во горниот, веднаш под устието. Меѓу стомакот и устието биле поставени 2 кратки рачки. Постојат и поинакви видови на амфори, кои се повисоки, со потесни стомаци, долги вратови и тесни устија. Тие служеле за складирање на течности, како зејтин и вино. Амфорите биле важен дел во животот на големите заедници во кои живееле луѓето, како селата, градовите и утврдените градски или војнички населби. Во нив биле складирани повеќе видови на прехрамбени намирници, како сол, солена риба, зејтин или вино.

Керамички сад - амфора, IX/X векОвој вид на амфори се користел за складирање на сол и солена риба, односно состојки кои се неопходни за прехрана на луѓето и кои се наоѓаат и преработуваат во оддалечени краеви. Тие биле пренесувани до местата на живеење преку големите мориња со бродови до блиските пристаништа. Потоа од пристаништата по сувоземен пат со помош на коњски коли или по реките со сплавови, до поголемите центри и пазаришта каде се продавале и купувале производите. Амфората која е изложена во музејот потекнува од раниот среден век и најверојатно се користела за транспорт на сол од некој центар на производство на сол во Мала Азија или крајбрежјето на Средоземното море.

 

Аудио нарација на англиски