Вотивен релјеф на Диоскурите, II век

  • Post category:Е-музеј
  • Reading time:1 mins read
  • Период/датација: II век
  • Потекло: Демир Капија, објект Светилиште на Диоскурите.
  • Материјал/техника: Бел мермер, делкање.
  • Димензии: висина 0,38 м ширина 0,455 м дебелина 0,07 м

Кратка приказна (опис):

Правоаголна плоча на која во релјеф се претставени полубоговите, близнаците Диоскури, Полидевк и Кастор, синови на врховниот бог Ѕевс и Леда, заштитници на коњаниците, патниците и гостите. Демир Капија, античкиот град Стенае, отсекогаш се наоѓал на важни патни линии, па затоа е природно во него да се почитувал овој култ.

Вотивен релјеф на Диоскурите, II векКачени се на коњи со копја во рацете, свртени еден кон друг. Десниот од нив држи штит во левата рака. Облечени се во кратки хитони и наметки (хламиди), имаат брановидни коси и капи. Во средината стои неидентификувана божица облечена во хитон препашан на половината со покриена глава и во двете раце држи факели. Над релјефот и во релјефното поле има натпис:

[- – -]δι θάλαμος εὐχὴν μεγάλῃ τύχῃ
υνδρ Διοσκ-
ιανε ου
των:
– – – – сопче (според) завет со голема среќа – – – – -.

Во античко време вакви релјефи се изработувале и се подарувале во храмовите на истиот начин како што подоцна тоа се правело со иконите во црквите. Верниците ги подарувале релјефите откако ќе даделе завет, ако им се прикажело на сон или ако мислеле дека некој од боговите им заповедал да го направат тоа, па сето тоа го запишувале на натписите на камените плочи.

Аудио нарација на англиски