Синија, XIX век
  • – Период/датација: 19 век
  • – Потекло: Изложбен простор во НУ Археолошки музеј на С. Македонија, збирка османлиски период.
  • – Материјал/техника: бакар и калај, гравирање.
  • – Димензии: 80 x 5 x 3см

Краток опис:

Синија, XIX векСинија или тепсија изработена од бакар, а прекриена (калаисана) со калај. Калајот бил нанесуван како превентива од труење, бидејки бакарот е токсичен (отровен). Декорирана (изгравирана) со флорални мотиви. Служела за принесување на храна.