Изработен 3D модел од археолошкиот локалитет Стакина Чешма

Изработен е 3D модел од археолошкиот локалитет Стакина Чешма, Валандово преку кој пошироката јавност може да добие поцелосна слика за тоа како изгледала луксузната вила.

3D моделот е изработен од д-р Христијан Талески од ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп, за потребите на овогодинешниот проект на Археолошкиот музеј – ,,Археолошки истражувања на локалитетот Стакина Чешма”.

Овој 3D модел ќе биде надополнуван со новите сознанија кои ќе ги добиваме во иднина.

https://cesium.com/ion/stories/viewer/?id=7ee12b5a-2984-4692-8623-4e562efcbce0&fbclid=IwAR3j9TyKLa0rmg1wmKWe4YV6fx3Wi7vozoYV_loTU5mk8axqjXU5TmMNUT8