Наскоро отворање на изложбата ,,100 години Требениште”

  • Post category:Новости
  • Reading time:0 mins read

Најголемите археолошки откритија во светот обично доаѓаат случајно.

Од  15 ти март до крајот на август оваа година во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје, со гордост ќе ја прикажеме приказната за такво откритие, кое се случи во 1918 година, во близина на селото Требениште, кај Охридското Езеро. Оваа приказна е сосема уникатна и инспиративна, не само за ексклузивноста на наодите или околностите на откривањето, туку и за нејзиниот меѓународен карактер, бидејќи археолозите од три земји поединечно ископаа делови од мистериозна, историска и културна загатка во изминатите 100 години. Загатката сега за првпат во својата историја ќе се состави како целина, но овој пат со заеднички напор на археолозите од истите три соседни земји каде што овие делови се чуваат и презентираат во нивните главни музеи.

Изложбата ,,100 години Требениште” ја одбележува годишнината од откривањето на Требенишката некропола, една од најзначајните, и сигурно најпознатите локалитети на Балканот. Дури и сега, 100 години од откривањето на првата златна маска, локалитетот останува мистерија, предизвикувајќи многу генерации археолози да ја откријат приказната за непознатата аристократија што живеела крај брегот на Охридското Езеро во текот на 6 век п.н.е.

Оваа изложба по шест месечното претставување пред македонската јавност, ќе биде поставена во Софија , а потоа и во Белград.