Теракота на млада жена
1,300.00 ден
Опис
Калапена теракота, стоечка статуета од печена глина со претстава на млада жена. Оваа женска фигура е облечена во долг хитон преку кој е префрлен долг химатион. На главата има марама со која е покриена целата глава и е со благ израз на ликот. Оваа претстава ја рефлектира модата од времето кога се изработувани овие теракоти. Во изведбата се внимавало и за позата, при што левата рака на женската фигура е поставена на левиот колк, а десната благо свитката во лактот и допрена до телото.
Хронолошки теракотата на младата жена датира од III – II век.пр.н.е.
Теракотата е откриена на Југозападната Некропола при археолошките истражувања на капиталниот проект Некрополите на Исар – Марвинци.