Биконусен сад
1,050.00 ден
Опис
Биконусен сад со две вертикални држалки. Декориран е со насликани геометриски мотиви во графитна техника.
Откриен е при археолошките ископувања изведени на локалитетот Пилаво близу с.Бурилчево, Кочанско.
Припаѓа на периодот на енеолитот што го потврдува и неговата форма и декорацијата, карактеристични за тој период.