Пиксида (голема и мала)

2,000.00 ден

Опис

Керамичен сад – пиксида , керамичка “кутија” составена од два посебни сада, со намена за чување на накит и скапоцености. Пиксидата има конусно извлечена прстенеста нога на рецепиентот, а на капакот на највисокиот дел има релјефно изведена женска биста, најчесто на божиците Артемида или Афродита. На капакот е изведена и декорација во техника “west slope” и тоа флорални мотиви, кои радијално ја следат релјефната биста. Се забележува и боење на дното на капакот со хоризонтални ленти со бела пастелна боја.

Хронолошки пиксидата датира од III – II век. пр.н.е.

Пиксидата е откриена во југозападната некропола при археолошките истражувања на капиталниот проект Некрополите на Исар Марвинци.

Цена: 2.300 ден. (голема)

2.000 ден. (мала)