Амфора македонски тип

1,050.00 ден

Опис

Керамичкиот сад амфора од македонски тип претставува сад за складирање на течности. Карактеристично за овој тип амфора е тоа што многу често во намалена  димензија, се откриваат како гробен дар присутен во погребувањата. Според типот кој е означен како македонски, преку неа честопати се определува националната припадност на покојникот и се поврзува со погребните обичаи поврзани со античките Македонци.

Хронолошки датира од III – II век.пр.н.е. и е откриена на југозападната некропола при археолошките истражувања на капиталниот проект Некрополите од Исар Марвинци.