Отворање на изложба во Библиотека ,,Искра” во Кочани

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

Денес во просториите на ЛУ Библиотека „Искра“ во Кочани се отвори изложба на која беа претставени готовите изработки од проектот ,,Едукативна работилница за деца и млади” која е организирана во соработка со Археолошкиот музеј на РСМ, под раководство на кустос советникот Илинка Атанасова и Музејската збирка во Кочани.

Во склоп на изложбата беа додадени и цртежи од првачињата кои ја посетија постојаната поставка и го нацртаа тоа што го видоа.
За оваа изложба е изработен и каталог.