Промоција на зборник во сеќавање на д-р Драгиша Здравковски

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

Во НУ Археолошки Музеј на Македонија, во конференциската сала, на 11.05.2018 г., во 13.00 ч., ќе се одржи промоција на зборникот “DRAGIŠA ZDRAVKOVSKI – IN MEMORIAM – Cultural Manifestations during the Neolithic Period on the Territory of the Republic of Macedonia and Neighboring Regions”. Зборникот е посветен на д-р Драгиша Здравковски, археолог, кустос советник за младото камено време – неолит, кој својот професионален живот го посвети на истражувањето, афирмирањето и презентирањето на македонското движно културно наследство пред домашната и светската научна јавност. Во зборникот печатени се научни трудови во кои се прикажани резултатите од археолошките истражувања во неолитските населби на територијата на Македонија, Бугарија и Грција. Дел од печатените трудови беа презентирани на манифестацијата Недела на Археологијата, одржана во НУ Археолошки Музеј на Македонија, во 2015 г., како дел од сесијата на предавања за неолитот, посветена на животот и делото на д-р Драгиша Здравковски.

Зборникот финансиски е подржан од Министерството за култура на Република Македонија, издавач е НУ Археолошки Музеј на Македонија. Уредник е м-р Елена Стојанова Канзурова, а промотор на зборникот е проф. д-р Драги Митревски.