Од крајот на 14 век и се до Балканските војни во 1912 година, територијата Македонија е под Турско Османлиска Власт. По доаѓањето на овие простори, Турците Османлии го наметнуваат својот систем на управа, а Исламот станува доминатна, водечка религија .Сето ова ќе изврши влијание во секојдневниот живот на луѓето, обичаите, културата, што ќе се одрази во архитектурaта, уметноста итн.
Паралелно со исламската, егзистира и христијaнската култура, иако со помал интензитет и која полека го губи сјајот на средновековната уметност, но сепак опстојува со висок квалитет.
Османлиската збирка во Археолошкиот Музеј на Република Северна Македонија е во процес на формирање и поседува скромен фонд на предмети. Збирката главно се состои од керамички садови, меѓу кои се истакнува групата на глазирани, пред се’ садовите со зелена боја, датирани во 16-17 в. Кале – Скопје, Кратово и сребрен накит од 16-19 век.
Марјан Јагликовски, кустос за османлиски период