„Македонски тип“ на штит-најкарактеристично одбранбено оружје на македонската војска

Продолжуваме со третиот период од античката археологија со кој на просторот на Медитеранот започнува една нова епоха во човековата историја т.н Хеленистички период.
⤵️
Kако хронолошки рамки за Хеленистичкиот период се земаат смртта на Александар III Македонски во 323 г.пр.н.е. како почеток, додека за крај на ова раздобје се прифаќа падот на последното хеленистичко кралство на Птолемаидите во 31 година пр.н.е. Хеленистичката култура настанала како симбиоза на три компоненти од тогашниот антички свет и тоа: македонската, хеленската и источната или ориентална компонента.
Просторно хеленизмот се развил на териториите на државите кои се создале од урнатините на Александровата Империја ➡️ од Македонија и грчкиот свет на запад до Индија на исток, од Египет на југ до Бактрија на север. Тоа значи дека границите на хеленистичкиот свет се утврдени со походот на Александар Велики, и во текот на тривековното опстојување на овој период тие граници нема да се променат.
___
👇
Денес преку проектот #МузејскаЕдукација преку #Цртежи 🎨 Ви го претставуваме
„Македонскиот тип“ на штит, кој бил најкарактеристично одбранбено оружје на македонската војска.
___
👉 Штитот e со кружна форма, полусверичен и на него е претставена карактеристичната иконографија на т.н. македонски тип на штит. Во средишниот дел е претставено дванаесеткрако сонце, а околу него во посебно прстенесто поле се чита натписот ΒΑΣΙΛ[ΕΟΣ] ΔΗΜΗΤΡΙΟ[Υ] – во превод КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ. Во периферниот дел на штитот се претставени седум српести полиња во чија средина се изведени осумкраки ѕвезди.
Покрај шлемот, како што е познато, најкарактеристично одбранбено оружје на македонската војска бил штитот. И коњаницата и пешадијата имале штитови. Во зависност од димензиите на штитот може да се утврди на кој род од македонската војска припаѓа одреден тип на штит.
Овој штит е изработен од бронзен лим со техника на исчукување кој датира од 3 век пр.н.е. и е пронајден на локалитетот Старо Бонче, с. Бонче, општина Прилеп, најверојатно припаѓа на војниците од гардата на македонскиот владетел Деметриј I Полиоркет (294-287).

___
Предизвик за цртеж бр.8️⃣🎨: Нацртајте го македонскиот војник со своето одбранбено оружје, штитот.