Ибрик – Османлиски период

Од крајот на 14 век па сѐ до Балканските војни во 1912 година, територијата на Македонија била под Турско Османлиска Власт. По доаѓањето на овие простори, Турците Османлии го наметнуваат својот систем на управа, а Исламот станува доминатна, водечка религија. Сето ова ќе изврши влијание во секојдевниот живот на луѓето, обичаите, културата, што ќе се одрази во архитектурата, уметноста итн. Паралелно со исламската, егзистира и христијaнската култура, иако со помал интензитет и која полека го губи сјајот на средновековната уметност, но сепак опстојува со висок квалитет.
__
Во согласност со моменталната ситуација, денес во проектот #МузејскаЕдукација преку #Цртежи 🎨Ви го претставуваме садот Ибрик кој служел за миење раце во Османлискиот период, бидејќи одржувањето на личната хигиена отсекогаш било важно за зачувувањето на здравјето.
👇
Ибрикот е висок сад во кој се чувала вода. Овој тип на садови се изработувале од бакар или сребро, изгледот им е со конусно или топчесто тело и сите имаат рачка со издолжен врат и проширена устинка. Се среќаваат и декорирани со шари карактеристични за тој период.
__
Предизвик за цртеж бр.1️⃣6️⃣🎨: Нацртајте ја сликата на која е прикажано како се миеле рацете со садот Ибрик.