НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија, под раководство на кустос советникот Илинка Атанасова во просториите на Етнокуќата во Кочани започна со реализацијата на едукативна работилница на тема “За културното наследство од Кочани и Кочанско” која редовно се организира од 2013 година и истата ќе трае до утре.

Проектот е во соработка со основните училишта „Раде Кратовче“, „Св. Кирил и Методиj“ и школата за цртање и сликање при НУ Центар за култура од Кочани. Во него се опфатени 30 деца од 7 – 14 годишна возраст, под надзор на менторите Елизабета Зафирова Стојанова, Марија Мицова Гацова и м-р Александра Димитрова.

Во следната фаза од проектот ќе следува подготовка на каталог за учесниците и изложба на нивните творби.

Илинка Атанасова

кустос советник, археолог за праисторија