Манифестација „Европски денови на културно наследство – 2015“

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

Од 22.09.2015 до 01.10.2015 НУ Археолошки музеј на Македонија се приклучува на европската манифестација – „Европски денови на културното наследство“, основана уште во септември 1991 година, на иницијатива на Советот на Европа и со поддршка од страна на Европската Унија.Целта на манифестацијата е подигнување на свеста кај пошироката јавност за заедничкото европско наследство.Темата на овогодинешното одбелжување во Европа е „Индустриско и техничко наследство“, а Р.Македонија која е вклучена во ова одбележување од 1996, годинава заедно со триесет европски земји го слави наследството во сите негови видови, вклучително и материјалното и нематеријалното, движното и недвижното културно наследство.
За таа цел НУ Археолошки музеј како ново конституирана установа, за оваа година на манифестацијата ќе учествува со изложбата „Накитот од Македонија низ вековите“, бесплатна посета на Неолитското село Тумба Маџари, а во организација на музејот наредните денови до 01.Октомври ќе бидат донесени и 1500 ученици средношколци од Скопје и Битола на бесплатна музејска тура, со цел одбележување на настанот и запознавање на учениците со движното археолошко културно историско наследство.Во сабота и недела музејот ќе биде бесплатен за сите посетители.