Одбележани два јубилеја во Тумба Маџари

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

На 8-мата културна манифестација „Големата Мајка“, одржана на 12.05.2018, се одбележаа два големи јубилиеја, 40 години од првите археолошки ископувања на археолошкиот локалитет Тумба Маџари, Скопје и 10 години од основањето на Неолитското село. Манифестацијата традиционално се одржа во Неолитското село како составен дел на археолошкиот локалитет Тумба Маџари. Организатори на манифестацијата се Општина Гази Баба и НУ Археолошки музеј на Македонија.

Манифестацијата ја отвори градоначалникот на општина Гази Баба, г-динот Борис Георгиевски.