МАНИФЕСТАЦИЈА НЕДЕЛА НА АРХЕОЛОГИЈАТА

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

Во периодот од 18.10.2015 до 22.10.2015 година во Археолошкиот музеј на Македонија ќе се одржи манифестацијата НЕДЕЛА НА АРХЕОЛОГИЈАТА, посветена на годишнината од отворањето на Археолошкиот Музеј на Македонија и деведесет и една година од постоењето на Археолошкиот музеј на Македонија.

Оваа манифестација ќе започне на ден 18.10.2015 година со слободен влез за посетители. Официјалното отворање на манифестацијата ќе започне со изложбата „10 СТОЛБОВИ НА АРХЕОЛОШКИОТ МУЗЕЈ“ која ќе се одржи на 19.10.2015 година во 19.00 часот. Преку една документарна и техничка изложба ќе се  се презентираат  локалитетите Голема Пешт – Здуње, Тумба Маџари, Пилаво – Бурилчево, Димов Гроб – Уланци, Дедели, Демир Капија, Исар Марвинци, Виничко Кале – Виница, Мородвис и Стоби, кои се истражувани со децении, а претставуваат стожер на кој се градеше Археолошкиот музеј и се формираа музејските колекции. На изложбата ќе бидат претставени најрепрезентативните предмети од споменатите локалитети и археолошка теренска документација, дневници, технички цртежи, фотографии и алат користени за време на археолошките истражувања.

Меѓу другото целта на изложбата е да се претстават најзначајните научно-истражувачки проекти кои Археолошкиот музеј на Македонија ги водеше со децении наназад. На 20.10.2015 година ќе се одржат низа на презентации поврзани со сите значајни проекти на споменатите локалитети, во кои кустосите носители на збирките во Археолошкиот музеј на Македонија ќе претстават кус преглед за историјатот на локалитетите, историјатот на истражувањата, најзначајните археолошки откритија, како и за карактерот и значењето на овие локалитети за македонската археологија.

Третиот ден од манифестацијата ќе биде посветен на неодамна починатиот д-р Драгиша Здравковски, кустос советник во Археолошкиот музеј на Македонија. Во чест на  неговата работа и дело ќе се одржи  сесија на предавања за неолитот во Македонија и Бугарија.

Последниот ден од манифестацијата е посветен на Лапидариумот во Археолошки музеј на Македонија, со изложба која го прикажува историјатот на иницијалната и најстара збирка на Археолошкиот музеј