Бела ноќ по повод 25 години незвисност на Република Македонија

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

Осветлен во боите на македонското знаме, ноќта пред 8 септември, во чест на празнувањерто  25 години од независноста на Република Македонија,  НУ Археолошки музеј на Македонија  се вклучи во таканаречената „Бела ноќ низ Македонија”  и  продолжи да работи и после 18 часот, при што на посетителите им овозможи бесплатен влез во наредните три часа, за да  во 21 часот беше проектирано  ДВД  изданието “Движни записи од македонската археологија”. Во него се претставени аматерски теренски записи од работата на археолозите на 11 локалитети низ Македонија, при што авторот на ова издание – археологот Ирена Колиштрковска Настева, вечерта лично го презентираше материјалот на публиката.

Во исто време посетителите имаа можност да ја видат и привремената изложба „Некрополите на Мали Дол”.