,,Црвен петел, црна кокошка” од денес гостува во Етнографскиот музеј во Софија, Бугарија

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

Изложбата ,,Црвен петел, црна кокошка” која е соработка помеѓу Археолошкиот музеј и Музејот на Република Северна Македонија, од вечерва гостува во Етнографскиот институт и музеј при БАН во Софија и истата ќе биде отворена до крајот на јануари 2020 година.

На почетокот на оваа година изложбата беше претставена пред загрепската јавност во Етнографскиот музеј во Загреб.
Во фокус на оваа изложба се култовите на плодноста, обредите, обичаите и верувањата.
Вниманието на посетителите освен голите женски фигури и мермерниот фалус, го привлекуваат и песните и приказните со експлицитна содржина кои се мал дел од богатиот македонски еротски фолклор.
Изложбата ги претставува различните облици на археолошко и етнолошко македонско културно наследство од праисторијата па сѐ до денес кои содржат елементи на телесноста, сексуалноста и плодноста.

Автор на изложбата е Јован Шурбаноски, а ко-автори се Александра Папазовска, Јасемин Назим и Владимир Боцев
Изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура на РСМ.