Свечено отворање на Археолошкиот музеј на Македонија

  • Post category:Настани
  • Reading time:0 mins read

„По повеќе од 30 години, Македонија со новиот Археолошки музеј доби најсовремен музејски простор за соодветно чување и презентација на богатото движно културно наследство кое е потврда на цивилизацискиот континуитет на нашите простори“ –Изјави на отворањето Премиерот Груевски во своето обраќање пред присутните, меѓу кои и претседателот на државата Ѓорге Иванов, министри, пратеници, претставници на акдемската заедница како и други гости, и истакна дека археологијата во Македонија долго време била запоставена, се до 2006 година кога ваквите процеси беа видно изменети како резултат на сериозните вложувања на Владата во капитални истражувања. Груевски подвлече дека Археолошкиот музеј, кој е еден од највпечатливите, најсодржајните и најубавите музеи во современа Република Македонија, ќе претставува и нова значајна понуда во делот на туризмот . Исто така Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска истакна дека овој музеј е аргументирано сведоштво за нашата историја, за нашиот милениумски развој и од тука, Археолошкиот музеј на Македонија, е мошне значајна инвестиција за нашата држава, гледано од историски, културолошки, образовен и туристички аспект.
Директорката на Археолошкиот музеј Весела Честоева посебно нагласи дека во создавањето на приказната раскажана преку музејската поставка, активно учествуваа стручните оддели при Музејот, како и заводите и музеите во РМ и Управата за заштита на културното наследство на РМ.