Првиот бакнеж на Купид и Психа

По повод денот на вљубените, ви ја претставуваме теракотната фигурина на Купид (Ерос) и Психа на која е прикажан нивниот прв бакнеж.

Првиот бакнеж на Купид и Психа

Митот за Купид и Психа е веројатно најголемата љубовна приказна сочувана од античката митологија до денес. Долга и возбудлива приказна за животот на преубавата Психа и нејзината неизмерна љубов кон богот на љубовта, Купид. Приказна со многу заплети и драми, но приказна за љубов која не можат да ја попречат ниту боговите. Таа сепак има среќен крај и порака дека вистинската љубов може да ги надмине сите граници, па дури и онаа меѓу луѓето и боговите. Нашата претставата го симболизира првиот бакнеж на Купид и Психа, односно почетокот на нивната бесмртна љубов.

Иако оваа претстава е стара повеќе од 21 век, таа сепак ќе стане инспирација за бројни ренесансни и модерни уметници кои со нивните нови дела оваа претстава ќе ја сочуваат до денес како најпопуларниот приказ за вистинската љубов по која сите копнеат.

Датирана од Римски период, I век,
пронајдена на лок. Стоби, Градскo. Позајменa за потребите на постојаната поставка од НУ Стоби