Ни претставува особена чест и задоволство да најавиме дека од 19.10.2021 г., во Археолошкиот музеј ќе биде отворена за посетители патувачката изложба ,,Raffaelo: Opera Omnia”.
Македонската јавност ќе има ретка можност да ужива во музејска репродукција на 14 дела од најпознатите портрети на Рафаело Санти (Санцио) од кои два се изложени во најпосетуваниот музеј во Европа, Лувр во Париз, а останатите се изложени во најпознатите италијански галерии: Галериите Боргезе и Барберини во Рим, Галериите Уфици и Палатина во Фиренца и Националната галерија во Урбино.
Рафаело Санти, заедно со Микеланџело Буонароти и Леонардо да Винчи ја претставуваат тројката на најголеми уметници и великани од високата ренесанса.Оваа изложба започна да го обиколува светот во 2020 г. со цел одбележувањето на јубилејот, 500 години од неговата смрт.,,Raffaelo: Opera Omnia” до сега била изложена во Финска, Кина, Тунис, Венецуела, Турција, Јужна Кореа и Приштина.Изложбата е во соработка со Италијанска амбасада и истата ќе биде отворена за посетители два месеци, до 20.12.2021 г.
Влезот е бесплатен.