Д-р Радослав Грујиќ, oсновач и уредник на Скопското научно друштво

Д-р Радослав Грујиќ, oсновач и уредник на Скопското научно друштво

Д-р Радослав Грујиќ е еден од втемелувачите на современата историја, историјата на уметност, археологијата и музеологијата.

Во 1920 г. започнал со работа како професор по национална историја на Филозофскиот факултет во Скопје, а потоа во периодот од 1930 до 1937 два пати е избиран за декан на истоимениот факултет.

Годините во кои Грујиќ живеел во Скопје се одбележани како најинтензивен период во неговото научно творештво.

Основач и уредник е на Скопското научно друштво со кое претседавал цели 16 години, од 1921 до 1937 г.

По четири години од основањето, на негова иницијатива, во 1925 г. друштвото започнало со издавање на свој гласник. Гласникот на Скопското научно друштво се вбројува меѓу најзначајните публикации од областа на социјалните и историските науки.

Голем придонес дал во организацијата и основањето на Археолошко – историскиот музеј во Скопје.
Под негово раководство од 1921 до 1937 г., музејот за многу брзо време ја проширил својата надлежност од собирање на археолошки споменици до музеј кој има етнографско – антропографско и геолошко-петрографско одделение.

Д-р Радослав Грујиќ бил почитуван научник во сите европски универзитетски центри и научни институции.