Светски ден на културно наследство

Светски ден на културно наследство

Денес е светскиот ден на културното наследство. Овој ден го одбележуваме со едукативен текст посветен на музеите.
👇
Зборот музеј 🏛️ значи „храм на музите“, деветте хеленски божици кои се поврзувале со философијата и уметностите. Секоја од нив имала посебна дарба за посебен вид уметност. На одредено место во природата каде што пееле птиците, во минатото луѓето мислеле дека тоа се случува поради моќта на музите, па така на овие места правеле мали олтари или подигнувале храмови. Ова се всушност првите музеи. Интересен податок е дека и училиштата биле сметани за места кои се поврзани со музите. Хеленскиот писател Хесиод (750-650 година пр. н.е.) тврдел дека ги сретнал музите на планината Хеликон во југозападна Беотија.
.
.
Во 1925 година археолозите наишле на посебна просторија на територијата на Вавилон (регион Месопотамија/Ирак) во која биле изложени артефакти стари и околу 1500 години. Овој музеј засега се смета за најстар во светот и бил изграден околу 530 година пр. н.е. Познат е како Музеј на Енигалди-Нана (Ennigaldi-Nanna’s Museum), која била принцеза, ќерка на вавилонскиот крал Набонидус.
.
.
Најпознат музеј во стариот свет бил Александрискиот, кој го основал Птолемај I Сотер околу 280 година пр. н.е., а во дел од него била сместена познатата Александриска библиотека која се наоѓа во денешен Египет.
Во антиката и во средниот век, а особено во времето на ренесансата, богатите семејства собирале уметнички дела 🖼️ и дел од нивните палати се претворени во денешните најпознати светски музеи. Собирањето уметнички дела во богатите куќи во Македонија археолошки е потврдено и во Стоби и Гортинија (Вардарски Рид).