Драги деца, што е она што секогаш сте сакале да прашате некој археолог, а сте немале можност?
Токму сега ќе имате прилика за тоа.
Започнувајќи од денес, 18.05.2021 (вторник), Археолошкиот Музеј на Република Северна Македонија ја покренува активноста „Прашај го археологот“.
Преку оваа активност сакаме вам, како наши млади посетители да ви овозможиме да поставите прашања за сѐ она што ве интересира од областа на археологијата.
Пристигнатите прашања ќе бидат одговарани во неколку наврати преку видео снимка која ќе биде поставена на социјалните мрежи, со цел сите да добиете одговор на своето прашање.
Испратете ни ги вашите прашања преку порака на нашите социјални мрежи.
Ве очекуваме!
И запомнете, не постојат чудни прашања, постојат само прашања кои не се поставени.
* „Прашај го археологот“ е дел од Меѓународниот ден на музеи 2021, чија овогодишна тема е „Иднината на музеите – закрепнување и реинтерпретација“.