Бронзен крст, енколпион

Празникот Водици или Богојавление е еден од најголемите христијански празници. На овој ден според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос на реката Јордан.

Се нарекува Богојавление бидејки при самиот чин на крштевањето се отвораат небесата и се јавува Светиот Дух во вид на гулаб.

Со потопувањето во вода умира стариот гревовен човек, а со излегувањето од вода излегува (оживува) очистен и прероден.

Со тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата.

Верскиот празник Водици секоја година се одбележува со церемонија на фрлање на светиот крст од свештено лице во река или езеро, а верниците се фрлаат во водите по него. Крстот е симбол на христијанството и животот, затоа се верува дека оној кој ќе го фати крстот ќе го следи среќа и благосостојба во текот на целата година.
👇
Во согласност со денешниот голем православен празничен ден, ви претставуваме бронзен крст, енколпион (двоен крст) на висок свештеник од непознат локалитет датиран од доцниот средновековен период од XIV век.

Бронзен крст, енколпион