Вечерва, Археолошкиот музеј беше дел од манифестацијата ,,Струмица, град на културата” со премиерно прикажување на документарниот филм за Неолитското село или Музејот под отворено небо ,,Тумба Маџари”.
Документарниот филм е од едукативен карактер кој има за цел поголема популаризација на археолошкиот локалитет Тумба Маџари, како и запознавање на пошироката јавност за вредностите на неолитската култура на територијата на Македонија.
На настанот се обрати директорката на музејот, д-р Славица Бабамова која упати благодарност до тимот кој придонесе за реализација на видеото
сценарио и текст – Елена Канзурова
видео и монтажа – Мартин Гиевски
фотографија – Бранислав Атанасковиќ
нарација – Марина Спирова