Во 2020 година Археолошкиот музеј го реализираше проектот ,,Пристапен музеј” поддржан од Балканската музејска мрежа.
Во рамките на овој проект се снимени десет аудионарации за експонати, видеа на знаковен јазик и тактилни слики.
Тактилните слики се дел од постојаната поставка и се изложени во непосредна близина на оригиналните артефакти.
Целта на овој проект е зголемување на пристапноста, инклузијата и доближување на богатото културното наследство до лицата со попреченост.
Раководител на проектот е Ирена Ружин, координатор е Ива Лабан, a останатиот дел од проектниот тим го сочинуваат: Татјана Мијатовиќ, Јове Парговски, Тесалија Жирова, Катерина Шарковска, Силвана Петрова Насух, „Студио Гимел“ и Горан Кочов.
Автори на текстовите со описи за предметите од Археолошкиот музеј се: директорката на музејот Славица Бабамова, Мила Шурбаноска, кустос-советничка за доцна антика, Марјан Јагликовски, кустос за османлискиот период, Љубинка Џидрова, кустос-советничка за средновековната археологија и Елена Стојанова Канзурова, кустос-советничка за неолитот.