Силен – придружник и учител на богот Дионис

Според митот за создавањето на Рим, во 753 година пр.н.е. градот бил основан од страна на близнаците (полубогови) Ромул и Рем, и од мал и незначителен град многу брзо се издигнал во Република која го контролирала целиот Апенински Полуостров. Во наредните неколу века оваа моќна Република ќе се трансформира во најголемата светска Империја, која ќе се простира на три континенти, опстојувајќи цели 12 века.
__
Македонија била римска провинција, создадена во 146 г. пр.н.е, и се протегала на територијата на тогашна Македонија, Епир, Тесалија и делови од Илирија и Тракија.
Целосно урбано влијание од Римската империја во провинцијата Македонија, ќе се достигне дури во I и II век н.е. благодарение на новите проширени и поплочени комуникации, како што е најпознатата Виа Егнација, која ќе биде обележана на сите светски антички карти. Ќе се формираат градски јадра на неколку локации меѓу кои ќе ги издвоиме Скупи, Стоби, Хераклеа, Стибера и Марвинци. Економската и политичката состојба во римската империја ќе доведе до појава на т.н. „урбана елита“ и воени ветерани кои ќе се издвојат со својот имот, раскош и луксузни предмети, живеејќи во богати украсени градски куќи или вили, како што е и откриената вила на локалитетот Стакина Чешма во Валандово.
__
👉Во постојаната поставка на Археолошкиот музеј се обединети скоро сите најрепрезентативни и уникатни римски артефакти, меѓу кои и бронзената биста на Силен
(II – III век. пр.н.е – лок. Исар Марвинци) која Ви ја претставуваме во проектот #МузејскаЕдукација преку #Цртежи 🎨
👇
Силен во грчката митологија претставува придружник и учител на богот Дионис, кој заедно со сатирите и менадите ја претставува свитата на Дионис. Се сметало дека Силен имал посебни знаења, но и способности за предвидување на судбината.

Силен - придружник и учител на богот Дионис
Тој е „заштитник“ на радоста, веселбите, танцот и лирата, но пред сè на виното🍷и пијанството.
Приказите на Силен се налик на пијан и дебел старец со широко отворени очи, подигнати дебели веѓи и широк нос, кој на главата носи венец од бршлен и винова лоза. Има долга и кадрава брада, мустаќи и коса која речиси целосно ги покрива неговите шилести уши.
__
Предизвик за цртеж бр.9️⃣🎨: Нацртајте го Силен и приказната за него 😊