Палеолитскиот човек во старото камено време

Проектот #МузејскаЕдукација🎨 преку #Цртежи🖼️ го започнуваме со најстариот период во предисториската археологија, старото камено време (палеолит). Палеолитскиот човек во тоа време живеел како ловец-собирач. Живеел во мала заедница и бил постојано во движење во потрага по храна.

Палеолитскиот човек во старото камено време
Од овој период датира шилецот за неандерталско копје кој служел за ловење.
👇
Потеклото на ова оружје има најдолга временска традиција кога човекот бил ловец и кога каменот, коската и дрвото биле основни суровини за неговото опстанување. Димензиите, тежината и видот на суровината на шилецот варирала во различните периоди од овој дел на најстарата праисторија (1,5 милион години пр.н.е. до 10.000 год.
пр. н.е.), но намената била иста
👉 за лов.
Кремениот шилец е пронајден во пештерата Голема Пешт покрај езерото Козјак, населена со неандерталци – блиски роднини на современиот човек (homo sapiens), кои живееле таму од
100 000 до 60 000 години пр.н.е.
Шилецот се врзувал за врвот на дрвеното копје со кое се ловеле диви животни – елени, кози, свињи, мечки – основната храна на овдешните неандерталци.
.
.
Предизвик за цртеж број 1🎨: Испратете ни ги вашите цртежи како се подготвувал палеолитскиот човек за лов.
Ги очекуваме вашите креативни цртежи 😊