Златни обетки (Сфинга)

3,300.00 ден

Опис

На алка од златна жица поставена е обетка со претстава на митско суштество – Сфинга. Телото на сфингата е реалистички претставено во техника на исчукување, со запазување на сите детали во ликовната изведба на сфингата. Треба да се истакне дека накитот изработен од злато, претставува врв на уметноста и занаечиската умешност на македонско – хеленистичкиот период.

Хронолошки овој тип на златни обетки со претстава на сфинга датира од III – II век.пр.н.е.

Овие обетки се откриени на југозападната некропола при археолошките истражувања на капиталниот проект Некрополите од Исар Марвинци.