Ојнохое, Пелике

1,950.00 ден

Опис

Црнофирнизиран сад – ојнохое, со трилисно извлечено устие и со вертикални канелури на стомакот, пластично изведени. Рачката на ојнохоето е тордирана , со две интересни претстави на неа. На коренот на рачката е претставена биста на Силен (Бахус), а на местото каде рачката се спојува со устието изведена е биста на младо момче (Аполон), со што ликовно се покажува нивниот дуализам.

Ојнохоето датира од IV век. пр.н.е и е откриено во Пелике, Исар – Марвинци, Валандово.