Лекит со точки

800.00 ден

Опис

Керамичен сад лекит кој се користел најверојатно за чување на скапоцени течности (мириси или масла). Лекитот има конусно извлечено устие и тенок врат, вертикално поставени на лентеста рачка. Овие елементи на садот се обоени со разреден црвен фирниз. Топчестото тело е декорирано со мрежест мотив, при што декорацијата е изведена со црвен фирниз, а на местата каде се сечат линиите на мрежестиот мотив, изведена е декорација со бела точка.

Хронолошки датира од IV век.пр.н.е. Лекитот е откриен на југозападната некропола при археолошките истражувања на капиталниот проект Некрополите на Исар Марвинци.