Кибела (мала)

470.00 ден

Опис

Статуета од печена глина со претстава на божество. Овде Кибелата е претставена седната на престол (трон), што претставува една од вообичаените претстави на ова божество. Облечена е во долг химатион, со круна на главата и во скутот лав, животно кое се поврзува со ова божество. Теракотата е украсена со бела пастелна боја – енгоба, а со друга боја најчесто црвена , изведена е другата декорација.

Хронолошки оваа претстава претставува една од пораните варијанти на божицата Кибела и датира од V – IV век.пр.н.е.

Теракотата Кибела е откриена на југозападната некрполола при археолошките истражувања на капиталниот проект Некрополите на Исар – Марвинци.