Келтски војник

470.00 ден

Опис

Теракотна претстава на келтски војник во борбен став. Фигурата е претставена гола, со долга наметка од животинска кожа, со елипсовиден долг келтски штит во левата рака, додека десната рака е дигната и е во позиција на исфрлување на копје (кое недостасува). На појасот има закачено долг келски меч, а на главата шилесто извлечен шлем. Оваа претстава на келтски воин не треба да да претставува изненадување на нашите простори, ако се знае дека 279 год. пр.н.е., Келтите вршат упад на нашата територија , дури успеваат да го освојат и светилиштето Делфи.

Хронолошки теракотата келтски војник датира од  III – II век.пр.н.е.

Теракотната претстава на келтски војник е откриена на југозападната некропола, при археолошките истражувања на капиталниот проект Некрополите на Исар – Марвинци.