Допојасно божество

1,050.00 ден

Опис

Релјефна теракота со допојасна претстава на божество. Претставата е релјефно изведена само на предната страна на теракотата, а на внатрешната страна постои дупка за закачување, што го покажува начинот како таа стоела. Божеството е облечено во хитон и завиткано во химатион, со круна на главата, украсена со пластично изведени розети кои се појавуваат и како обетки. Од круната се спушта марама која паѓа на рамената на божестото. Ликот е благо изведен со вкочанета насмевка и убаво изведена фризура. Рацете се поставени на градите на божеството во кое држи плодови.

Хронолошки теракотата на божеството датира од V – IV век. пр.н.е.

Теракотата е откриена на југозападната некропола при археолошките истражувања на капиталниот проект Некрополите на Исар – Марвинци.