Биконусен (керамичен) сад
1,050.00 ден
Опис
Керамичен сад со мало рамно дно, силно нагласен стомак и цилиндричен врат. Стомакот на садот е декориран со релјефно нагласени вертикални канелури. Поголемиот дел од површината е насликан со линеарни мотиви изведени во графитна техника.
Пронајден е на локалитетот Пилаво, с. Бурилчево, Кочани и припаѓа на периодот на Енеолитот.