Нумизматиката е самостојна научна дисциплина која се занимава со проучување на парите. Името потекнува од грчкиот збор nomisma, односно латинскиот nummus, што значи пари. Оваа наука станала актуелна во времето на класичната антика кога се јавил интересот за собирање на стари пари како уметнички предмети.
__
Во Македонија во периодот меѓу 16 и 19 век манастирите и поголемите џамии биле местата каде што се прибирале и чувале монетите, а со формирањето на првите музејски институции започнува систематското собирање и проучување на нумизматичките наоди.
__
Археолозите при археолошките ископувања ги пронаоѓаат монетите кои ги носат во музеј 🏛️ и им ги предаваат на нумизматичарите.
После предавањето на монетите, кои долги години живееле под земја, следи третман на конзервација, односно нивно чистење и враќање на изгледот како кога некогаш биле во употреба, а потоа се заштитуваат со чување во посебни простории и посебни метални каси.
__
Техниката за изработка на една монета е со лиење на една кружна прачка што се сече на крукчиња метал. Тоа крукче се става помеѓу два цврсти калапи. Тие се притискаат – удираат и создаваат слики од двете страни (аверс-предна страна и реверс задна страна). Монетите биле ковани од мешавина на злато и сребро, само злато, сребро, бронза или бакар.
Првичните монети имале калотеста форма, која подоцна преминала во препознатливата кружна форма.
__
Во минатото царевите одлучувале какви претстави (слики) ќе има на паричките.
Александар I кој владеел во периодот од 498 до 454 г. пр.н.е. ковал сребрени монети,
Александар Велики пак, е првиот македонски крал што почнал да кова златни монети, каде е претставен боготот на сонцето, Аполон, а на сребрените монети е сликан херојот Херакле.
__
Предизвик за цртеж бр. 1️⃣3️⃣🎨: Нацртајте ја техниката на изработка на монети или прикажаните монети од средновековната нумизматичка збирка.
#МузејскаЕдукација преку #Цртежи 🎨