На 12.12.2019 во 13:00 часот ќе се одржи отворање на изложбата “Статусни симболи кај Пајонските заедници” 

 

Оваа изложба претставува една перспектива на приказ на пет богати женски погребувања од некрополите Лисичин Дол и Милци кои по своите специфични карактеристики се издвојуваат од останатите погребувања во населбата, каде во изворна состојба, добро сочувани, среќаваме нови типови на религиозни комплети од групата на т.н “Македонски-пајонски бронзи”.

Самата појава на предмети од типот на “македонски-пајонски бронзи” ги издвојува од својот статус кој го имале во заедницата.

Сите овие елементи проткаени низ изложбата “Статусни симболи кај пајонските заедници” поттикнуваат нови размислувања, но отвораат и нови прашања за карактерот и животот на пајонските заедници од железното време.

 

Изложбата е соработка помеѓу Археолошкиот музеј на РСМ и Музеј Гевгелија и истата ќе биде отворена за посетители до март 2020 год.