Примарната дејност на конзерваторскиот оддел е конзервација и реставрација на движното археолошко наследство. Лабораторијата конзервира и реставрира разни предмети изработени од метал, керамика, стакло и камен, главно од колекцијата на музејот и во зависност од можностите и важноста, конзервира материјали и од другите институции во Република Северна Македонија.
Конзервација на предметите ја вршат стручни лица конзерватори – реставратори од полето на ликовната уметност и хемиски техничари. Во прилог на својата примарна дејност, лабораторијата традиционално негува производство на сувенири и реплики на некои од експонатите.
Одделот разменува искуства со сродни институции во областа на реставрацијата и конзервацијата на археолошки предмети, институти, конзерваторски центри, лаборатории како од земјата така и од странство.
Емилија Митева – раководител на одделение за конзервација и реставрација
emilijamiteva17@gmail.com