Намената на арибалосот во архајскиот период

Архајскиот период е првиот период од античката археологија и е еден од најзначајните раздобја на хеленската култура и следи по геометрискиот стил во периодот од 660 г.пр.н.е и трае до појавата на класичниот период од околу 460 г.пр.н.е.
Овој период се нарекува и прекласичен период и се карактеризира со создавање на градови-полиси, колонизација и развој на трговијата и занаетчиството. Во уметноста се чувствува влијанието на Источните цивилизации особено на Египет, како во архитектурата, така во монументалната пластика и сликањето на вазите кое еволуира, од геометриски форми во појава на човечки фигури, со епски, митолошки теми и сцени од секојдневниот живот.

👇
Денес преку проектот #МузејскаЕдукација преку #Цртежи 🎨 Ви го претставуваме Коринтскиот арибалос (сатче) датиран од 650-500 г.пр.н.е. кое го користеле атлетите пред натпреварите.

👉Арибалос е мало сатче во кое се чувало миризливо (парфимирано) масло. Вакви сатчиња се произведувале во градот Коринт, во Хелада, а неговото име е хеленски збор со значење топка/топчест. Поради ваквата форма, ова сатче се врзувало со кожна врвка или јаже, се носело врзано околу појасот или раката (како што е прикажано на фотографијата) или закачено во тоалетното катче на сопственикот. Арибалосот го користеле и атлетите (борачите), како шишенце за маслото со кое се мачкале пред натпреварот. Популарноста на арибалосот била најголема околу средината на VI век пред н. е., а токму од тоа време е и нашиот арибалос, случајно откриен во населбата Тафталиџе во Скопје.

____
Предизвик за цртеж бр. 6️⃣🎨: Нацртајте ги атлетите (борачите) како се подготвуваат за започнување на натпревар користејќи го ова сатче во кое го чуваат маслото со кое се мачкаат пред почетокот на натпреварот.