Едукативна работилница во Неолитското село, Тумба Маџари

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

Денес, во Музејот под отворено небо – Неолитското село Тумба Маџари се одржа едукативна работилница со лицата од ЈЗУ ,,Универзитетска клиника за психијатрија”, Скопје

На оваа едукативна и креативна работилница лицата имаа можност со глина да моделираат артефакти од неолитот. Во склоп на археолошкиот проект „Неолитско село“ се изградени и неколку куќи во духот на неолитската архитектура со цел да се направи обид за реконструкција на дел од животот на неолитскиот човек кој живеел на територијата на Македонија и пошироко.

Одржувањето на работилницата во Неолитското село има за цел запознавање на овие лица со неолитската култура и начин на живот во тој период.

Од 2008 год. на овој локалитет се создаваат услови за поголемо анимирање на јавноста преку научни, едукативни и туристички активности.